недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата

Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека поради пандемијата со Ковид-19 постои ризик од успорување на напредокот постигнат во родовата рамноправност, бидејќи жените повеќе се грижат за децата за време на карантинот и поголема е веројатноста дека ќе извршуваат поризични работи.

– Мораме да обезбедиме пандемијата да не не врати во старите родови обрасци, за кои мислевме дека ги имаме надминато, изјави Меркел во видео-попраката по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.

Таа посочи дека жените несразмерно се погодени од здравствената криза и оти недоволно се застапени на високите позиции.

– Над 75 проценти од вработените во здравствениот сектор се жени, од лекарските ординации и болници до лабораториите и аптеките, но сепак само 30 отсто од нив се на раководни позиции во тие области, посочи Меркел.

Таа додаде дека не е оправдано жените во голема мера „да го носат“ општеството, а во исто време да не се подеднакво вклучени во важните политички, економски и општествени одлуки.

Коронавирус