вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел се залага за продолжување на санкциите на ЕУ кон Русија

Меркел се залага за продолжување на санкциите на ЕУ кон Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија ќе поддржи продолжување на санкции од Европската унија кон Русија поради нивната поддршка на силите во Источна Украина.

По средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев, Меркел како причина за својот став го наведе и отсуството на напредок во исполнувањето на мировниот договор од 2015 година.  Со тој договор е намален обемот на судири, но борбите продолжија, а засега нема политичко решение.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за таквата ситуација. Порошенко ја повика Русија да ги повлече своите сили и оружје од истокот на Украина, додека Русија негира дека таму има своја војска. (МИА)