недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Меркел: Се уште има време за изнаоѓање решение за Брегзитот

Меркел: Се уште има време за изнаоѓање решение за Брегзитот

Се уште има време за изнаоѓање решение за начинот на кој Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, изјави денеска во Токио германската канцеларка Ангела Меркел.

– Од политичкi аспект се упте има време. Тоа треба да биде искористено. Сите страни треба да го искористат. Но, за да се случи тоа, треба да знаеме што британската страна сака во врска со идните односи со ЕУ, нагласи Меркел во обраќање на Економска конференција во Токио.

Според Меркел, ваквата состојба на неизвесност особено е загрижувачка за деловната заедница, која, како што нагласи, сака сигурност.

Германската канцеларка потенцира дека во врска со Брегзитот клучен проблем претставува прашањето за ирската граница.

– Невозможно е да се најде решение за таквиот конкретен проблем. Тоа меѓутоа ќе зависи од трговскиот договор, што ќе го случиме меѓусебе, потенцира Меркел.

Британскиот Парламент минатиот месец го отфрли договорот за Брегзит, што Владата на британската премиерка Тереза Меј го поститгна со Брисел. Противниците на договорот како главна причина за негово отфрлање ја посочија одредбата која предвидува границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане отворена како и досега и за време на преодниот период по Брегзит, предвиден за 29 март.

Противниците на ваквото решение, пред се од редовите на Конзервативната партија на премиерката Меј, кои сметаат дека таа одредба би можела Велика Британија „да ја задржи предолго врзана за ЕУ, па дури и бесконечно“.

Меј најави дека одново ќе преговара со Брисел за договорот за Брегзит, но лидерите на ЕУ ја отфрлаат можноста за нови преговори, нагласувајќи дека договорената одредба е „единственото можно решение“.

Во вакви услови за в четврток во Брисел е најавена средба на Меј со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.