вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Меркел: Сакаме добри врски со Велика Британија, но тоа зависи од Лондон

Меркел: Сакаме добри врски со Велика Британија, но тоа зависи од Лондон

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се заложи за блиски односи на Европската унија и Велика Британија по Брегзит и додаде дека сојузниците треба да тесно да соработуваат, кога станува збор за прашањето на безбедноста и одбраната во иднина.

– Сакаме добри, доверливи врски со Велика Британија. Сакаме блиска соработка по прашањето за безбедносната и одбранбената политика и сакаме соработка меѓу 27 членки на ЕУ и Британија, рече Меркел на конференцијата на новинари во Вилнус.

Но, како што додаде, од Велика Британија зависи како сака да го дефинира својот однос со Европската унија. (МИА)