вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Вести

Меркел: Односите меѓу ЕУ и САД загрозени поради иранскиот нуклеарен договор

Меркел: Односите меѓу ЕУ и САД загрозени поради иранскиот нуклеарен договор

Односите меѓу Европската унија и САД се загрозени поради одлуката на Вашингтон за повлекување од иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Европа не беше слепа за активностите на Иран, но веруваше дека почитувањето на нуклеарниот договор е најдобар начин за напредување, изјави Меркел во обраќање на Конгресот на Конфедерацијата на германските синдикати.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Трамп оцени дека договорот е лош и дека му овзоможува на Иран да не ги почитува ограничувањата и да работи на производство на атомска бомна.

– Јасно е дека САД со овој Договор не можат да спречет создавање на иранска атомска бомба, рече Трамп.

Велика Британија, Германија и Франција ја осудија одлуката на САД и ги повикаа останатите потписници да останат посветен на обврските од Договорот.

Договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година го потпишаа Иран и петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција плус Германија.

Со Договорот, официјално наречен Заеднички сеопфатен акциски план, Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата.

(Миа)