сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Меркел му честиташе на Орбан

Меркел му честиташе на Орбан

Германската канцеларка, Ангела Меркел му честиташе на унгарскиот премиер Виктор Орбан за изборната победа.

Тоа го соопшти портпаролот на германската влада, додавајќи дека владите на двете земји ќе продолжат да соработуваат и покрај различните ставови за мигрантите.

-Како што е и обичај по избори во Европа, канцеларката писмено му честиташе на победникот, премиерот Орбан, рече Стефан Зајберг, портпарол на германската влада.

Тој нагласи дека во соработката меѓу двете земји постојат контроверзни проблеми, како што се различните ставови кон мигрантите.

Партијата Фидес на Орбан и помалиот партнер, христијански демократи, убедливо славеше на изборите и освои двотретинско мнозинство, односно 133 од вкупно 199 места во парламентот.

Коронавирус