понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 57
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Меркел ќе ја објави политиката за приоритетите со претседавањето со ЕУ

Меркел ќе ја објави политиката за приоритетите со претседавањето со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската унија, што го презема на 1 јули.

Меркел ќе зборува на интернет-дискусија за „Надворешна и безбедносна политика за време на германското претседателство на Европскиот совет“, организирана од германската фондација Конрад Аденауер.

Покрај Меркел, на трибината ќе говорат и поранешниот претседател на германскиот Бундестаг и сегашен претседател на фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Ламерт, францускиот амбасадор во Германија, Ана-Мари Декорис, директорот на Институтот за кинески студии, Мико Хуотари, како и заменик претседател на парламентарната група на владејачката германска коалиција ЦДУ / ЦСУ, Јохан Вадефул.

На 1 јули, Германија го презема шестмесечното претседателство на Европската унија од Хрватска. (МИА)

Парламентарни избори 2020