вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 160
home Вести

Меркел и Макрон се согласија за буџет за Еврозоната

Меркел и Макрон се согласија за буџет за Еврозоната

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната.

Меркел, која долго беше резервирана кон оваа идеја, денеска по средбата со нејзиниот француски колега, за кого ова беше едно од главните барања, прифати да се создаде заеднички буџет за 19-те земји членки на Еврозоната (ЕЗ).

Ова ќе биде „реален буџет“ со годишни приходи и расходи, порача Макрон по средбата, а Париз и Берлин се надеваат тој да биде етаблиран до 2021. Ниеден од двајцата лидери не сакаа да кажат колкава би била висината на буџетот, бидејќи тоа допрва ќе биде предмет на преговори со другите лидери на Европската Унија. Останува да се види и како ќе се финансира овој буџет. Меркел навести дека една опција се редовни трансфери од земјите членки или данок на финансиски трансакции.

-Работиме за да се осигураме дека буџетот на Еврозоната ќе биде искористен за да се зајакнат инвестициите и со цел да се зајакне конвергенцијата внатре во ЕЗ, затоа што знаеме дека економската и монетарната унија можат да останат цело само доколку економските политики конвергираат, изјави Меркел на заедничката прес конференција во Мезеберг, близу Берлин.

Меркел и Макрон денеска се сретнаа во Германија за да го подготват претстојниот Самит на лидерите на Европската Унија, но не постигнале согласност за миграциската политика, што се очекува да биде најтешката тема на овој Самит.

МИА

Коронавирус