сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Меркел и Макрон бараат од ЕУ подобро да се подготви за следната пандемија на коронавирусот

Меркел и Макрон бараат од ЕУ подобро да се подготви за следната пандемија на коронавирусот

Неколку европски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, побараа од Европската унија (ЕУ) да разгледа начини со кои подобро би се подготвила за следната пандемија на коронавирусот.

Хаотичниот одговор на новиот коронавирус, од кој досега во ЕУ починаа 184.256 лица, покрена прашања за нивото на подготвеност и ја истакна потребата за европски пристап во контекст на вториот бран на пандемијата, се вели во писмо упатено до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

Писмото, меѓу другите, го потпишаа и премиерите на Полска, Шпанија, Белгија и Данска.

Шефовите на држави и влади на ЕУ на 19 јуни ќе разговараат за пандемија на коронавирусот.

Коронавирус