сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Вести

Меркел ги осуди срамните слики од инцидентот во Рајстагот

Меркел ги осуди срамните слики од инцидентот во Рајстагот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги осуди срамните слики од обидите на демонстрантите против носењето маски да влезат во зградата на Рајхстагот како груба „злоупотреба на правото на собирање“.

-Викендов имавме пример за тоа како може да се злоупотреби слободата на собирање, изјави владиниот портпарол Стефан Зајберт.

Правото на мирно собирање е, како што додаде, „многу вредно богатство дури и за време на пандемијата на коронавирусот“.

-Меѓутоа, тоа право овој викенд беше исмеано, рече Зајберт, зборувајќи „во име на владата и канцеларката Ангела Меркел“.

Неколку стотици демонстранти во саботата ја пробија оградата поставена пред Рајхстагот, седиштето на германскиот Парламент. Тие навреме беа спречени да влезат во зградата откако полицијата интервенираше и уапси неколку лица.

Овие слики предизвикаа шок во германската јавност.

-Резултатот се срамни, неприфатливи слики за обидите на антидемократите да влезат во зградата на Рајхстагот, рече Зајберт.

Во име на владата и канцеларката Зајберт им се заблагодари на тројцата полицајци кои „го бранеа влезот во парламентот“. (MИА)

Коронавирус