сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Меркел: Дигитален сертификат за вакцинација веројатно пред лето

Меркел: Дигитален сертификат за вакцинација веројатно пред лето

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на коронавирусот, веројатно ќе бидат достапни пред лето.

-Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува онлајн.

Германската канцеларка додаде дека на Европската комисија ќе и требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи.

Коронавирус