четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден

Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден, со нов успех на нејзината политика.

Меркел има намера денот да го мине „сосема нормално“- со седница на владата, бидејќи, како што вели, таа била предвидена со календарот за работа.

Покрај тоа, на денешната седница Меркел имаше и што навистина да прослави -Урсула фон дер Лајен е избрана за нов претседател на Европската комисија, а нејзината наследничка на чело на партијата ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, влезе во владата како министерка за одбрана.

Меркел за роденденот кажа дека 65-тиот не е толку маркантен како 60. или 70. , но дека и тој значи дека човекот не може да биде помлад, туку само поискусен.

Овој роденден може да и биде и последен на функцијата германски канцелар, бидејќи, како што пренесуават германските медиуми, многу аналитичари очекуваат владината коалиција со германските социјалдемократи да издржи само до Божиќ.