четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 141
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Меланија Трамп на Twitter откри како се чувствува

Меланија Трамп на Twitter откри како се чувствува

По веста дека Меланија и Доналд Трамп се заразени со коронавирусот, на Twitter се огласи Меланија, откривајќи како се чувствуваат.

„Како голем број Американци оваа година, Доналд Трамп и јас сме во домашен карантин откако тестирањата покажаа дека сме позитивни на COVID-19. Се чувствуваме добро, но ги одложивме сите понатамошни обврски. Ве молам да се чувате, сите заедно ќе го пребродиме ова“, порача првата дама на САД.

Слична порака сподели и Доналд Трамп.

„Вечерва Меланија и јас се тестиравме и сме позитивни на COVID-19. Веднаш ќе го почнеме процесот на карантин и закрепнување. Ќе го пребродиме ова заедно“, напиша тој.

Набргу потоа Меланија објави видео во кое потсетува на практичните начини како своето семејство да го одржите здраво и безбедно.

Иако Трамп од почетокот зборуваше дека не сака да носи маска во текот на неодамнешната претседателска дебата го исмејуваше Џо Бајден бидејќи носи маска, а Меланија претходно уште во април објави видео во кое ги охрабрува луѓето да носат маска.

Коронавирус