среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така е заразени со коронавирусот, нема да го посети својот сопруг во болница поради ризик за вработените.

Првата дама на САД остана во Белата куќа, јави Ен-Би-Си Њуз.

– Таа има ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал кој оди со неа на ризик и тие да се разболат, изјавил висок извор од американската администрација.

Американскиот претседател е во болница од петокот вечерта, додека Меланија остана во Белата куќа. (МИА)

Коронавирус