среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мексико урива рекорди по бројот на новозаразени со коронавирус

Мексико урива рекорди по бројот на новозаразени со коронавирус

Властите на Мексико објавија скоро 5.000 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа биле евидентирани 4577 нови потврдени случаи на инфекција со ковид-19, со што вкупниот број на инфекции во таа земја достигна 185.122, пишува CNN.

Во текот на 24-часовниот период, починале 759 лица, а вкупниот број на починати сега изнесува 22.584.

Втор ден по ред, Мексико бележи поголем број смртни случаи отколку Бразил. Министерството за здравство на Бразил вчера објави дополнителни 654 смртни случаи.

Коронавирус