среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мексико распореди речиси 15.000 гардисти по границата со САД

Мексико распореди речиси 15.000 гардисти по границата со САД

Мексиканските власти распоредија речиси 15.000 припадници на националната гарда и војници на границата со САД по договор со Вашингтон за запирање на нелегалната имиграција. Тоа го изјави миинстерот за одбрана на Мексико, Луис Кресенсио Сандовал.

На прес конференција тој изјави дека уште 6.500 луѓе се распоредени на јужната граница со Гватемала со цел блокирање на илјадници мигранти од Централна Америка кои сакаат да стигнат до САД.

Во крајот на мај американскиот претсеател Донадл Трамп се закани со царини за сите мексикански продукти за увоз во САД ако Мексико не го запре тој мигрантски бран. На 7 јуни двете држави постигнаа договор – освен распоредување сили за безбедност на границите, Мексико треба да обезбеди и враќање на мигрантите во нивните држави додека чекаат да бидат разгледани молбите за азил во САД.