вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Мексико го отфрла притисокот од САД за мигрантите

Мексико го отфрла притисокот од САД за мигрантите

Мексико соопшти дека ги отфрла обидите за притисок откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги затвори јужните граници на САД за да спречи „бран” мигранти, вклучувајќи го и мигранскиот караван што чека на мексиканската граница и се обидува да стигне до САД.

Министерот за внатрешни работи, Алфонсо Наверете, во Парламентот рече дека сака „јасно” да и порача на американската влада „дека го отфрламе секој обид за притисок за промена на нашите правни рамки, бидејќи ние нема да го сториме тоа”.

Мексиканската влада нагласи  дека агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) ќе побара помош за прашањето на караванот и ќе најде „хуманитарно” решение за мигрантите.

Повеќе од илјада луѓе, вклучувајќи семејства и жени со деца, тргнале од Хондурас во САД во саботата, неколку дена откако САД го повикаа претседателот на Хондурас да ја спречи масовната миграција.

Кога ќе пристигнат во Мексико, тие планираат да побараат статус на бегалци за да останат во земјата или да аплицираат за виза за преминување до границата со САД.

Трамп вчера се закани дека ќе ја распореди американската војска и ќе ја затвори јужната граница, ако Мексико не покрене акција за запирање на големи групи мигранти што доаѓаат во САД од Гватемала, Хондурас и Салвадор.

МИА

Коронавирус