четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Мексиканскиот претседател бара извинување од шпанскиот крал и папата

Мексиканскиот претседател бара извинување од шпанскиот крал и папата
Presidential candidate Andres Manuel Lopez Obrador gestures after casting his ballot at a polling station during the presidential election in Mexico City, Mexico July 1, 2018. REUTERS/Edgard Garrido - RC165622D780

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор побара од шпанскиот крал Фелипе Шести и папата Френциско да се извинат за злосторства извршени врз домородните народи за време на освојувањето на Мексико во 16 век.

Лопес Обрадор во видео порака објавена на Твитер, ги опиша овие освојувања како инвазија

Во видео пораката, снимена за време на посетата на древната населба на Маите во Комалкалк во мексиканската држава Табаско, претседателот рече дека во писмата до шпанскиот крал и папата побарал признавање на извршените злосторства и извинување на староседелците.

Претседателот на Мексико изрази надеж дека 2021 година ќе биде година на „историско помирување”.

Тоа е година во која Мексико обележува три важни годишнини: 500 години од падот на ацтечкиот главен град Теночтитлан под власта на Шпанија, седум векови од основањето на градот и 200 години од прогласувањето независност на Мексико.

Коронавирус