четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 103
home Вести

​​Меј: За седум недели договор со ЕУ за преодниот период по Брегзит

​​Меј: За седум недели договор со ЕУ за преодниот период по Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска изјави дека договорот со ЕУ за преодниот период по Брегзит ќе биде постигнат за седум недели.

Со ова таа се обиде да ги демантира стравувањата дека постигнувањето таков договор ќе трае подолго и ќе пропадне распоредот за целиот преговарачки процес со Брисел.

ЕУ му предложи на Лондон зачувување на постечката ситуација во преодниот период по Брегзит, кој е определне од крајот на март 2019 година, до крајот на 2020 година. Двете преговарачки страни си поставија за цел да постигнат таков договор до крајот на март и тоа да стане дел од конечниот договор за „разводот“, кој се очекува да биде постигнат подоцна оваа година.

Во владејачката Конзервативна партија на Меј има несогласувања околу некои детали, како што се статусот на граѓаните на ЕУ за време на транзицијата и опсегот на надлежностите на Европскиот суд на правдата.

Многу бизнисмени и банки се плашат дека биткатата за условите на транзицијата може да го одложи или дури и да го уништи постигнувањето конечен договор само неколку месеци пред Велика Британија да ја напушти ЕУ на 29 март следната година.

– Ќе имаме договор со Европската унија во рок од седум недели, изјави Меј во интервју за Би-Би-Си кое го даде од Кина. Според неа, таков е распоредот што го поставила ЕУ.

Коронавирус