понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 127
home Вести

Меј се откажа од планот за итна владина седница

Меј се откажа од планот за итна владина седница

Британската премиерка Тереза Меј беше принудена денеска да ја откаже планираната владина седница за одобрување на договорот за Брегзит.

Според владини извори, договорот не може да биде готов до утре, со што се намалува можноста во ноември да се одржи посебен самит на ЕУ за одобрување на договорот.

Меј одлучи да се откаже од седницата откако договорот беше загрозен од отпор во нејзината Влада и во Брисел.