сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Меј: Можно е никогаш да не ја напуштиме ЕУ ако пратениците не го поддржат договорот

Меј: Можно е никогаш да не ја напуштиме ЕУ ако пратениците не го поддржат договорот

Британската премиерка Тереза Меј предупреди дека државата може никогаш да не ја напушти ЕУ ако пратениците отфрлат нејзин договор за брегзит идната недела.

Меј упати порака и кон европските лидери да покажат последни напори за неопходните промени и договорот да биде прифатлив и за британските пратеници. Таа имаше говор во градот Гримзби каде 70 отсто жители гласаа за излегување на Лондон од ЕУ на референдумот во 2016 година.

– Поддржете го договорот и Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Отфрлете го и никој не знае што ќе се случи. Можно е ние да не ја напуштиме ЕУ со месеци, може да заминеме без заштити. Ние може и воопшто да не ја напуштиме ЕУ, нагласи таа.

Во исто време, во Брисел очекуваат до крајот на денот нови „прифатливи“ предлози од Лондон за надминување на застојот во преговорите.

Коронавирус