недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 13
home Вести

Меј може одново да го одложи гласањето во Парламентот за брегзит

Меј може одново да го одложи гласањето во Парламентот за брегзит

Британската премиерка Тереза Меј може одново да го одложи гласањето за брегзит во британскиот Парламент. Тоа го објави весникот Сандеј телеграф, повикувајќи се на свои извори во нејзината партија.

Таа веќе еднаш го направи тоа, во обид да се предоговори за зделката со Брисел. Меј преживеа по гласање недоверба, но го загуби мнозинството.

В среда почнуваат дебатите за нејзиниот договор со ЕУ за брегзит.

Пред неколку денови стана јасно дека повеќе од половината членови на Конзервативната партија на Британија сакаат договорот на Меј со ЕУ за брегзит да биде отфрлен. Тие сакаат напуштање на ЕУ без договор. Официјално, Лондон треба да ја напушти ЕУ во крајот на март.