петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Меѓупланетарна мисија: Русија и САД заедно ќе ја освојуваат Венера во 2027 година

Меѓупланетарна мисија: Русија и САД заедно ќе ја освојуваат Венера во 2027 година

Заедничката меѓупланетарна мисија на Венера, на САД и Русија може да започне најрано 2027 година, дури и ако проектот наскоро почне да се финансира, изјави раководителката на истражувачкиот тим во рускиот Институт за вселенски истражувања Људмила Засова.

Мисијата предвидува испраќање на руски орбитален објект и уреди за слетување, како и мали научни станици изработени во САД. Товарот ќе биде сместен на ракетниот носач „Ангара А5″ кој ќе полета од космодромот Восточни во Русија.

– Потребно е да се испорачаат 6,5 до седум тони товар на Венера, а сè ќе зависи од интервалот на лансирањата, додаде Засова.

Не е исклучено и испраќање примитивни бактерии на нашиот најблизок сосед-планета. Температурата и притисокот во долниот слој облаци на Венера се малку поинакви од условите на површината на Земјата. Облачниот слој на планетата е на височина меѓу 50 и 70 километри и се состои од капки сулфурна киселина со удел на вода меѓу 15 и 25 отсто.

Претходно, научниците открија дека во таа област постои т.н. „непознат апсорбер на ултравиолетово зрачење“, одговорен за впивање на половина од сончевата енергија што доаѓа до Венера.

Радио-станиците на Земјата и местата на слетување на Венера ќе бидат поврзани со орбитален авион кој ќе биде лансиран на планетата во рамките на подготовките за мисијата „Венера Д“.

Коронавирус