среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Меѓународни донатори ветија две милијарди долари за земјите од регионот на езерото Чад

Меѓународни донатори ветија две милијарди долари за земјите од регионот на езерото Чад

Донатори од целиот свет на конференција во Берлин ветија дека ќе дадат уште две милијарди долари за земјите од регионот на езерото Чад во Африка.

Ветените средства се околу три пати повеќе од договорените пари на слична средба во Осло минатата година.

– Тоа е уште повеќе отколку што првично се надевавме, рече германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас.

Излез на езерото Чад имат Нигерија, Камерун, Нигер и Чад. Во областа околу 2,3 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови, а други над 10 милиони се зависни од хуманитарна помош, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Нивото на водата во езерото Чад, кое се наоѓа во јужниот дел на пустината Сахара, драматично падна во последниот век поради климатски промени. Освен суша и глад, 50-те милиони луѓе кои живеат околу езерото се под постојана закана од џихадисткичките групи Боко Харам и „Исламска држава“.

(Миа)