понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 155
home Вести

Медиумскиот тајкун Џими Лај ослободен со кауција

Медиумскиот тајкун Џими Лај ослободен со кауција

Медиумскиот тајкун во Хонг Конг и демократски активист Џими Лаи, кој беше притворен согласно Законот за национална безбедност, денеска е ослободен со кауција.

Лај, кој многу ги критикува властите во Пекинг, е обвинет за договарање со странски елементи со цел загрозување на националната безбедност, врз основа на пораки на Твитер и интервјуа и коментари што ги давал за странските медиуми.

Сопственикот на таблоидот Епл Дејли е во притвор од 12 декември, а денеска е ослободен со кауција од еден милион евра.

Лај (73) сега е во домашен притвор, мора да го предаде пасошот и не смее да се среќава со претставници на странски влади или институции кои Кина ги смета за непријателски.

Исто така, забрането му е да објавува на социјалните мрежи, како и да дава изјави за медиуми.

Коронавирус