петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Медиуми: ЕК нема да ги продолжи договорите со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Медиуми: ЕК нема да ги продолжи договорите со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската Комисија одлучила идната година да не го продолжи договорот за вакцини со „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, пишува „Ла Стампа“ повикувајќи се на извори од италијанското Министерствот за здравство, пренесува Ројтерс.

-ЕК во договор со лидерите на многу ЕУ земји, одлучи договорите со компаниите кои произведуваат векторски вакцини, а кои важат оваа година, да не бидат продолжени по нивниот истек, пренесува Ројтерс наводи од италијанскиот весник.

Се додава дека Брисел преферира да се насочи кон вакцини кои ја користат mRNA технологијата, како Фајзер и Модерна.

Се наведува и дека ЕК ќе бара одговори од „Џонсон и Џонсон“ во врска со неочекуваната најава за доцнење во испораката на вакцини против Ковид-19.

Коронавирус