четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Вести

Медицински персонал заразен од коронавирус развил привремен имунитет

Медицински персонал заразен од коронавирус развил привремен имунитет

Лицата заболени со лесна форма на Ковид19  се имуни на повторна инфекција барем на краток рок, потврди францускиот институт Пастер.

Резултатите следуваат по студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур, кои тестирале позитивни на вирусот со благи симптоми, и за ниту еден не требало хоспитализација, јави дописникот на МИА.

-Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави за француското радио Франс Интер, професорот Арно Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.

Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата во Институтот Пастер, рече: „Она што е уште поинтересно е дека баравме неутрализирање антитела за кои знаеме дека обезбедуваат заштита од, да речеме, реинфекција“.

-И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19 – резултати кои се навистина добри вести“, изјави тој.

Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела. (МИА)

Парламентарни избори 2020