вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Медицинска сестра ,болна од коронавирус со денови работела во болница во Њујорк

Медицинска сестра ,болна од коронавирус со денови работела во болница во Њујорк

Епицентарот на светската пандемија на коронавирус се наоѓа во САД.

Само вчера, повеќе од 1.000 луѓе починаа од ефектите на коронавирусот. Поточно, починале 1049 лица, според Worldometers. Со сите вчерашни податоци, има вкупно 215,003 заразени, 5102 починати и 8878 оздравени.

Најтешко е во Њујорк, каде здравствените работници се борат со недостаток на опрема и тестови. Од таму со шок кај јавноста е примена веста дека една медицинска сестра работела со денови во болницата без никој да сака да ја тестира за коронавирус. Така, таа искористила трик и отишла да се тестира кога една пријателка била на ноќна смена.

“Имам коронавирус. Сега сум во самоизолација. Се тестирав додека мојата пријателка беше на смена . Со денови работев со иста маска, со различни пациенти и персонал. Јас секако не сум единствената во таа болница која има коронавирус”, изјави медицинската сестра за Си-Ен-Ен која сакала да остане анонимна од страв дека ќе ја изгуби работата.

Коронавирус