понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Ме гризеше и морав да ја убијам: Страшно сведоштво на човекот кој го преживеа нападот на пума (ВИДЕО)

Ме гризеше и морав да ја убијам: Страшно сведоштво на човекот кој го преживеа нападот на пума (ВИДЕО)

Ноќната мора за секој планински тркач се претвори во реалност за 31-годишниот Американец, Тревис Кофман додека минувал низ својата вообичаена рута во паркот на планината Хорстут.

Додека трчал, на патеката се појавила пума – дивото животно веднаш го нападнало.

„Дојде од предната страна и скокна на мене. Стравот во мене веднаш се претвори во борбен став. Пумата ме гризеше и почна да ме влече. Со канџите ме гребеше по лицето и рацете. Беше застрашувачки“, раскажува Кофман кој што имал среќа што пумата била млада, па успеал да ја совлада.

„Од тој момент тоа беше практично боречки меч. Имам дома мачка, читав и по нешто за тие диви животни со оглед на тоа што сакам да трчам во планините. Знаев дека канџите се најопасни. Се плашев да не ми го распарчи стомакот или препоните, тогаш ќе бев готов. Но, успеав некако да ја турнам на грб и со нозете да ѝ го притиснам вратот. Почнав да ја задушувам во паника. Не знаев што да правам друго. Неколку пати почувствував дека е готова, но таа продолжи да ме гребе и гризе. Беа потребни 10-тина минути конечно да престане да мрда“, изјави Кофман.

Тој заврши со крвави загризи, гребаници по целото тело, расечен и изгризан нос.

„Адреналинот ме водеше. Ниту самиот не знам како успеав. Со овие 20 конци се чувствувам како да сум добил џекпот“, изјави човекот кој го преживеа нападот на дивото животно.

Инаку, доколку имате несреќа да ве нападне некое диво животно, статистички најмали се шансите да преживеете напад на ајкула, волк, отровна змија и токму пума.

Коронавирус