петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Маж со експлозив држи како заложници 11 возрасни и две деца во пошта во Харков

Маж со експлозив држи како заложници 11 возрасни и две деца во пошта во Харков

Маж за кој се претпоставува дека има експлозив околу себе се наоѓа во пошта во украинскиот град Харков, изјави портпаролот на полицијата Јарослав Тракало за локалната телевизија 112.

– Неговите барања не ни се познати, рече Тракало.

Руската агенција Интерфакс ја пренесе изјавата на шефот на регионалната полиција на Харков, Олег Бех, кој вели дека еден маж во поштата држи како заложници деветмина возрасни и две деца.

Украинските медиуми јавуваат дека полицијата го блокирала тој дел од градот и дека таму има 20 полициски возила, пожарникари и Брза помош, како и единици за демонтирање експлозив. Се очекува да пристигнат и преговарачи со киднаперот.

Коронавирус