вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Матис ќе поднесе оставка од функцијата секретар за одбрана

Матис ќе поднесе оставка од функцијата секретар за одбрана

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе замине од функцијата кон крајот на февруари, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

За  заминувањето на Матис се шпекулираше откако Трамп во средата најави повлекување на американските сили од Сирија и покрај спротиставувањето на американските сојузници и воените претставници.

Матис во своето писмо наведе дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски.

– Бидејќи имате право на секреатр за одбрана, чии ставови подобро ќе се согласуваат со вашите за ова или она тема, сметам дека за мене е исправно да се повлечам од функцијата, наведува Матис во писмото до Трамп.

Матис во писмото за оставката наведува и дека американските сојузници „ги третирал со почитување“ и оти ги користел средствата на американската моќ да обезбеди заедничка одбрана.

Трамп најави дека набрзо ќе именува нов секретар за одбрана.

Коронавирус