среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Матис ја обвини Сирија дека не ги пушта инспекторите до локациите на наводниот хемиски напад

Матис ја обвини Сирија дека не ги пушта инспекторите до локациите на наводниот хемиски напад

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ја обвини сириската Влада дека одложува да им дозволи на инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да пристапат до локациите на наводниот хемиски напад.

Тој додаде дека тоа е стратегија што се користела во минатото.

– Сосема ни е јасно дека тоа доцнење на делегацијата и е наметнато од страна на режимот, но исто така сме сосема свесни за тоа како тие дејствувале во минатото и никого не пуштале на места каде што е користено хемиско оружје, рече Матис.

– Со други зборови, пауза по таков напад се користи за да се расчистат доказите пред истражниот тим да добие пристап, додаде тој.

Коронавирус