сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Матарела им даде уште време на партиите да формираат влада

Матарела им даде уште време на партиите да формираат влада
Newly elected Italian President Sergio Mattarella, center, flanked by Lower Chamber President Laura Boldrini, left, and vice-president of Italian Senate Valeria Fedeli, right, reacts after delivering his speech during his swearing-in ceremony at the Lower Chamber in Rome, Tuesday, Feb. 3, 2015. Italy’s new president, Sergio Mattarella, has taken the oath of office with a vow to fight corruption and organized crime and lead the nation through economic and electoral reform. The new head of state, whose brother, Piersanti Mattarella was slain while governor of Sicily by the Mafia in 1980, denounced as ‘’alarming’’ the spread of the Mafia, from its traditional base in the south to northern cities. (AP Photo/Gregorio Borgia)

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави дека се согласил со барањето на политичките партии да им остави уште време за создавање можни коалиции, како алтернатива на предвремените избори.

Матарела пред новинарите во Рим кажа дека „сака што поскоро да види јасно решение, бидејќи тоа го бара големата нација“.

Тој додаде дека лидерите на партиите му кажале дека сакаат да разгледаат дали е можен договор за да се избегнат предвремени избори. Во вторник тој со сите нив ќе одржи нова рунда консултации.

Матарела навести и дека новата влада мора да биде доволно цврста за да ја добие  довербата во парламентот и да има сеопфатна програма со набележени цели. Во спротивно, кажа тој, ќе го распушти парламентот и ќе распише избори за есен.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини инсистира на тоа дека изборите се најдобриот начин за земјата да излезе од политичката криза, но исто така остави и можност за реконструкција на владата, што може да ја заживее разурнатата коалиција на неговата екстремнодесничарска Лига и антирежимското Движење пет ѕвезди.

По средбата со Матарела десничарот Салвини навести дека е можна алтернатива на предвремените избори. (МИА)

Коронавирус