среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 167
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил на интернет, објавил три пораки

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил на интернет, објавил три пораки

Напаѓачот од Тексас кој усмрти 19 деца и двајца наставници, за нападот предупредил во порака на интернет. Неколку минути пред масакрот напишал дека ќе пука во својата баба и дека ќе изврши напад во училиште, изјавил гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Масовниот убиец Салвадор Рамос во нападот користел полуавтоматска пушта АР-15. Пукотниците завршиле по упадот на полицијата во училницата која го усмртила Салвадор.

Најновите информации велат дека тој легално ја купил пушката, а минатата недела купил и друга иста пушка, откако на 16 мај наполнил 18 години.

-Злото помина низ местото Јувалда. Секој кој пука на својата баба во лице мора да има зло во срцето. Но, уште поголемо зло е да се пука во мали деца, изјавил Абот.

Истражителите се уште не го откриле мотивот за нападот. Од она што е познато тој немал проблеми со менталното здравје и не бил обвинет за некое кривично дело. Околу половина час пред нападот, Рамос ја напишал првата од трите пораки на интернет.

Напишал најпрво дека ќе пука во својата баба, а потоа потврдил дека пукал. Во последната порака, објавена 15 минути по нападот во училиштето, напишал дека ќе отвори оган во едно основно училиште без да прецизира кое.

Коронавирус