понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 61
home Вести

Масовни отпуштања во Велика Британија поради пандемијата

Масовни отпуштања во Велика Британија поради пандемијата

Бројот на британски компании кои планираат да го намалат бројот на вработени во јуни бил пет пати поголем отколку во истиот месец минатата година, што ги покажува економските последици од пандемијата на Ковид-19.

Би-Би-Си јави дека 1.778 компании ја известиле Владата за нивните планови за укинување на вкупно 139.000 работни места.

Минатата година 345 компании најавиле вкупно 24.000 отпуштања.

Компаниите се должни да ја известат Службата за несолвентност, доколку планираат да укинат 20 или повеќе работни места.

Коронавирус