понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Масовна полициска акција против организиран криминал во Белгија- еве ги деталите

Масовна полициска акција против организиран криминал во Белгија- еве ги деталите

На цела територија на Белгија од утрово се одвива масовна полициска акција против организирана криминална група која нелегално продавала автомобили на интернет.

Над илјада полицајци се мобилизирани од синоќа во цела држава, а приведени се триесет лица во рамките на оваа операција, информираат од Јавното обвинителство.

Според медиумите, акцијата се води во ромската заедница и се однесува на предмет поврзан за нелегална продажба на автомобили на интернет.

Се користат дронови и хеликоптери за помош на полициските екипи на терен, информира полицијата, а мобилизирани се и специјални единици за поддршка, како и членови на жандармеријата на соседна Франција, бидејќи дел од операциите се водат на граница со оваа држава.

Според Јавното обвинителство станува збор за криминална организација која делува на цела белгиска територија и измамила повеќе белгиски граѓани, а евидентирани се и случаи на закани и насилство.

Обвинителството се очекува да соопшти повеќе информации кон крајот на денешниот ден.