вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Масовна бесплатна вакцинација во Италија од следната година

Масовна бесплатна вакцинација во Италија од следната година

Италија планира да започне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред се на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година, најави денеска министерот за здравство Роберто Сперанца, пред италијанскиот Парламент.

Тој посочи дека Владата има можност да купи 202 милиони дози вакцини од различни производители.

Италија е првата земја на ЕУ погодена од епидемијата на коронавирус во февруари годинава и оттогаш во таа земја се потврдени околу 1,62 милиони случаи на Ковид-19 и 56.361 смртни случаи.

Коронавирус