петок, 25. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Маск за Бил Гејтс: Појма нема!

Маск за Бил Гејтс: Појма нема!

Технолошките магнати Бил Гејтс и Елон Маск ретко зборуваат директно едни за други, иако е познато дека не размислуваат исто за многу работи. Овој пат, сепак, Маск реши да одговори на корисник на Твитер кој го праша што мисли за една од изјавите на Гејтс.

Гејтс неодамна зборуваше за електричните возила и иднината на употребата на енергија. Тој смета дека поевтините и поквалитетни батерии ќе ги направат електричните возила и попристапни и попривлечни за клиентите, но истовремено истакна дека се сомнева колку долго можат да траат батериите што напојуваат толку големи возила, особено на подолги патишта.

„Електричната енергија е добра кога станува збор за пократки растојанија, но ни треба друго решение за големите возила кои патуваат подолго време. Без оглед колку е напредна технологијата што се користи за производство на батерии, прашањето е колку се практични електричните возила во такви ситуации“, рече Гејтс.

Тој ги пофали и компаниите кои наскоро ќе претстават целосно електрични камиони – General Motors, Rivian, Bollinger и Ford. Сајбер камионот на Tesla, на пример, не го спомена.

Еден корисник на Твитер го прашал Маск што мисли за тврдењата на Гејтс, на што добил кратко: „Појма нема“.

Коронавирус