четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Маск стана втор најбогат човек во светот, го престигна Бил Гејтс

Маск стана втор најбогат човек во светот, го престигна Бил Гејтс

Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и, сега тој е втор најбогат човек на планетава. Неговото вкупно богатство изнесува 127,9 милијарди долари, покажува листата на милијардери на Блумберг, објавен вчера.

Благодарение на акциите на производителот на електромобили Тесла, што се накачија за 6,5 отсто, богатството на Маск за еден ден се зголеми за 7,2 милијарди долари. Од почетокот на годината, 49-годишникот е побогат за 100,3 милијарди долари.

Индексот на милијардери во Блумберг е дневно рангирање на најбогатите луѓе во светот. Со богатство од околу 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на тој список.

Во меѓувреме, Гејтс неодамна стигна до 127,7 милијарди долари. Неговото богатство би било значително поголемо доколку тој не донира пари.

Сепак, Блумберг во своите проценки корист јавно достапни податоци, како што се акции, недвижнини, уметнички дела и други луксузни добра, освен паричните средства. За споредба, на списокот на милијардери на Форбс, Маск е на четвртото место со богатство од 110,5 милијарди долари.

Коронавирус