петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Машина за правење пари: Богатството на Илон Маск за еден ден порасна за повеќе од 36 милијарди долари, еве како!

Машина за правење пари: Богатството на Илон Маск за еден ден порасна за повеќе од 36 милијарди долари, еве како!

Личното богатство на Илон Маск се зголеми за 36,2 милијарди долари во понеделникот откако Hertz Global Holdings Inc. нарача 100.000 автомобили Тесла, пишува Bloomberg.

Тоа е најголемата еднодневна добивка во историјата на Bloomberg Billionaires Indexa, кој го засени минатогодишниот најголем еднодневен раст на кинескиот тајкун Жонг Шаншан од 32 милијарди долари, кога неговата компанија за флаширана вода, Nongfu Spring Co., изби на берзата. Нето вредноста на Маск од 288,6 милијарди долари сега е повисока од пазарната вредност на Exxon Mobil Corp. или Nike Inc.

Акциите на Tesla Inc. се зголемија за 13 отсто поради вестите за нарачките на Hertz, со што нивната пазарна вредност сега е над трилион долари.

Приближно две третини од нето вредноста на Маск е директно поврзана со акциите и опциите кои ги има во компанијата за електрични автомобили, на која тој е ко-основач и извршен директор.

Маск се повеќе се оддалечува од своите колеги мегамилионери кога станува збор за големината на неговото богатство. Џеф Безос од Amazon.com Inc. е на второ место со 192,6 милијарди долари, според индексот на Bloomberg.

Извонредното зголемување на богатството на Маск доаѓа кога демократските пратеници, со поддршка на претседателот Џо Бајден, подготвија план за оданочување на нереализираните добивки на најбогатите Американци.

Претседателот на Комитетот за финансии на Сенатот, Рон Вајден, демократ од Орегон, воспоставува таканаречен данок на доход на милијардерите, кој би бил наменет за оние со имот од 1 милијарда долари или три последователни години од по 100 милиони долари приход.

Природата на богатството на Маск е засновано на акции. Му овозможува да стекне богатство од милијарди долари и да стане најбогатиот човек на светот без да има ликвидни средства. Тој не зема плата од Тесла, а дел од неговиот удел е заложен како залог за лични заеми, стои во документацијата на компанијата. Тој на федералната комисија во 2019 година му кажа дека и покрај неговиот мултимилијардерски статус, нема многу пари. Минатата година на Твитер објави дека планира да ги продаде своите домови и „речиси сите“ физички имоти.

Дури и пред договорот со Hertz, акциите на Тесла пораснаа во последните недели. Цената на акциите на производителот на автомобили се зголеми за 45 отсто оваа година, што е повеќе од двојно од индексот S&P 500 бидејќи инвеститорите продолжуваат да ги наградуваат зелените технологии.

Коронавирус