петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Масакрот во Индијанаполис го извршил поранешен вработен во истата фирма, претходно бил во психијатриски притвор

Масакрот во Индијанаполис го извршил поранешен вработен во истата фирма, претходно бил во психијатриски притвор
epa09140714 A handout photo made available by the Indianapolis Metropolitan Police Department (issued 17 April 2021) shows Brandon Hole, who authorities have identified as the man who killed eight people and wounded numerous others at a FedEx facility in Indianapolis, Indiana, USA, 15 April 2021. Hole killed himself at the facility. EPA-EFE/INDINAPOLIS METROPOLITAN POLICE DEPARTMENT / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Деветнаесетгодишникот, кој уби осуммина вработени во Федекс во Индијанаполис, а потоа изврши самоубиство е поранешен вработен во таа фирма. Тој бил во психијатриски притвор минатата година, соопштија американските власти.

Федекс и полицијата го идентификуваа напаѓачот како Брендон Хол, поранешен работник во центарот.

Меѓу убиените има и четворица припадници на верската заедница Сики, а претставници на безбедносните служби изјавија дека не може да се тврди дека мотивот за нападот е расна или етничка омраза. Организацијата за заштита на правата на Сиките побара поведување истрага за можно злосторство од омраза

Инцидентот се случи во оперативниот центар Федекс, недалеку од меѓународниот аеродром во Индијанаполис. Очевидци изјавија дека напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот, по што влегол во зградата, каде продолжил да пука. Полицијата го пронашла телото на осомничениот и сите индиции покажуваат дека тој извршил самоубиство.

Ова е најновиот од најмалку седум слични инциденти во САД во изминатиот месец.

Коронавирус