недела, 9. мај 2021. Вести денес: 68
home Вести

МАСАКР ВО ИНДИЈАНОПОЛИС: Напаѓачот застрелал најмалку пет лица, па се самоубил (ВИДЕО)

МАСАКР ВО ИНДИЈАНОПОЛИС: Напаѓачот застрелал најмалку пет лица, па се самоубил (ВИДЕО)

Хорор во Индијанаполис

Најмалку пет лица загинаа, а многу други се повредени во престрелката што се случи во објектот „Федекс“ во близина на аеродромот во Индијанаполис, Индијана. Сепак, овие бројки сè уште не се потврдени и точниот број на жртви засега е непознат.

Очевидецот Џеремаја Милер, кој рече дека работи во објектот на Федекс, за WISH-TV изјави дека видел човек со пиштол, а потоа слушнал дека биле испукани неколку куршуми. Тој додаде дека човекот „пукал по случаен избор“.

Напаѓачот бил во бегство, но како што потврди полицијата, тој наскоро си го одзел животот. Пукањето се случило во 23 часот по локално време.

Како што се наведува, имало пукање во зградата, но и надвор од неа. Дел од блискиот автопат I-70 е затворен.

Коронавирус