среда, 4. август 2021. Вести денес: 100
home Вести

Мас: Лошо е за Советот за безбедност на ОН што нема единство околу пандемијата

Мас: Лошо е за Советот за безбедност на ОН што нема единство околу пандемијата

Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Лошо е за Советот за безбедност на ООН што сè уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема, рече Мас.

Како што пренесуваат германските медиуми, тој смета дека не може Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.

Германија ќе го преземе претседателството со Советот за безбедност на ООН на 1 јули, на еден месец.

Резолуцијата за коронавирусот досега изостана поради спорот меѓу САД и Кина, кој  првенствено е за улогата на Светската здравствена организација. (МИА)

Коронавирус