петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Мас: ЕУ мора да прецизира стратегија кон Русија

Мас: ЕУ мора да прецизира стратегија кон Русија

Европската унија мора да прецизира своја стратегија за изградба на односите со Русија, бидејќи без Москва многу прашања не можат да бидат решени, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ во Загреб.

– Знаеме дека сериозни судири, како сирискиот, важни прашања, како климатските промени и разоружувањето, не можат да се решат без Русија. Поради тоа мора да прецизираме наша стратегија кон Русија, истакна шефот на германската дипломатија.

Коронавирус