вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 45
home Вести

Мароканската морнарица пукаше кон брод со мигранти

Мароканската морнарица пукаше кон брод со мигранти

Едно 16-годишно момче е повредено откако мароканската воена морнарица отвори оган при пресретнувањето на брод со марокански мигранти, јави телевизискиот канал „2М“.

– Моторен чамец, во кој имаше 58 мигранти скриени под церада изведе непријателски маневар, по што брод на крајбрежната стража пиукаше по наредба на командантот, изјавил извор од мароканската војска.

Во инцидентот е застрелано момче во рамото и префрлено во болница. Преостанатите мигранти се вратени на копното и предадени на полицијата.

На 25 септември, при пукање кон мигрантски брод во Средоземното Море, мароканската морнарица уби мигрант, 20-годишната жена Хајат Белкачем.

(Миа)