понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Марин: Се поголем број заразени со коронавирус во Финска

Марин: Се поголем број заразени со коронавирус во Финска

Финската премиерка Сана Марин предупреди дека во последните неколку дена значително е влошена епидемиолошката состојба во земјата.

Во Финска вчера беше потврдено дека бројот на заразени на 100.000 жители во текот на претходните две недели е 75,8, што е најмала бројка во Европа, по Исланд, покажуваат податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Финската Влада, меѓутоа, предупредува дека бројот на нови случаи расте со застрашувачка брзина, наведуваат британските медиуми.

Во Финска со коронавирусот досега се заразени повеќе од 22. 000 лица, а умрени се приближно 400 пациенти со Ковид-19.

Коронавирус