петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

МАРИЈА МИХАЈЛОВИЌ, МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ ОД МИЛАНО: Ние сме жив експеримент, допирате производ во продавница и веќе сте носител (ВИДЕО)

МАРИЈА МИХАЈЛОВИЌ, МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ ОД МИЛАНО: Ние сме жив експеримент, допирате производ во продавница и веќе сте носител (ВИДЕО)

Молекуларниот биолог Марија Михајловиќ живее и работи во Милано, во Европскиот институт за онкологија. Српки „Новости“ ги пренесуваат нејзините совети, но и нејзините видувања за тоа каква е ситуацијата во Италија.

-Цела Италија е во карантин. Се препорачува луѓето да не излегуваат ако немаат неопходна потреба. На пример, до продавница или аптека. Можат да одат на работа, но мора да имаат авторизација со себе, инаку ќе платат казна.

Таа истакнува дека вирусот се шири со неверојатна брзина.

-Морате да знаете дека овој вирус се шири неверојатно брзо. Жената на мој колега е позитивна, па шансата и нејзиниот сопруг да е заразен е голема. Самиот факт што работам со него, што седиме во иста канцеларија, е доволен сега и јас да сум во ризична група и да не смеам да излегувам две недели…

Таа не ги прифаќа теориите на заговор. Според неа, ова е дело на природата.

-Ние мутираме, нашата ДНК мутира. Исто се случува и со вирусите. Некои мутации ги убиваат, други ги унапредуваат. Овој вирус живеел во животни, сега пронашол домаќин во човекот. А ние многу повеќе се движиме. Имаме авиони, технологија и го шириме вирусот со неверојатна брзина. За вирусот тоа е бинго.

-Ќе се повикам на искуствата од Милано. За вирусот не се знае ништо. Ние сме жив експеримент. Учиме на најстрашниот начин… Тоа што се знае е дека корона вирусот останува мошне долго на тврди површина. Го испитувале воздухот од соба на болен, но земале и брисеви од орманчињата, апаратите итн. и увиделе дека помала е концентрацијата во воздухот, отколку на тврдите површини каде е многу поголема и долго се задржува. Доколку отидете во вежбална, а пред вас на справата бил носител, и вие ќе го добиете вирусот. Ако се допрете по лицето, веќе сте заразени. Истото се случува и во продавниците. Многумина го креваат производот, ја гледаат цената и го враќаат. Доаѓате вие и тоа е тоа… Да не зборуваме за тоа дека ќе прегрнеш некого ако го видиш. Ова е вирусна епидемија и се спречува само со изолација.

Таа објаснила и како е излечен нултиот пациент во Италија. Според неа, тој имал среќа бидејќи добил беспрекорна нега.

-Нултиот пациент во Италија има 38 години, активно игра фудбал и трча маратон. Вечерта пред да дојде во болница бил на фудбал. Седмица пред тоа трчал маратон. Кога влегол во болницата имал респираторна криза и бил веднаш ставен на апарат за дишење. Бил симнат од апаратот пред три дена. Значи му требале три недели да се опорави. Преживеал зашто имал најдобра нега и апарати. Да не била таа нега, знаете што ќе се случело.Луѓето треба да сфата дека овој вирус не ечума, ама што е полошо здравството, ситуацијата е посериозна. Единствен совет е – нема дружење. Не одете на ручек со семејството, не одете на кафе кај соседот.

Објаснува и што всушност и се случи на Италија.

-Италија не беше подготвена за ова. Сега пред болниците се шатори, касарните се претворени во болници.

За тестовите таа истакнала:

-Тестирањата не се масовни. Болниците не беа подготвени. Првиот сериозен тест е направен во Израел, а додека тој се рашири, сите болници беа исполнети…. Смртноста од овој вирус не е голема – меѓу 2 и 4 отсто. Проблем е што вирусот е нов. Некој нема ни да го забележи, некој ќе помине со настинка, а 20 отсто ќе имаат запаление на белите дробови. Нема специфични лекови. Вашиот организам се бори. Интензивната нега трае три недели.

Марија открива и како Германија се бори против корона.

-Германците пресметале дека можат да си дозволат добар дел од нацијата да се разболи бидејќи имаат голем број кревети на интензивна нега. Италија не беше подготвена. Не ја сфати сериозно ситуацијата, а кога виде дека ѓаволот ја однел шегата почна со строги мерки.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/CcWQDvpdI-A” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Коронавирус