вторник, 30. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Малолетниците во Австралија ќе можат да пријдат до социјалните мрежи само со дозвола од родителите

Малолетниците во Австралија ќе можат да пријдат до социјалните мрежи само со дозвола од родителите

Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да се согласат за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.

Според предлог-законот што денеска беше објавен, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.

Си-Ен-Ен пренесува дека компаниите што стојат зад социјалните медиуми, како што се форумот Reddit и апликацијата за запознавање Bumble, исто така, ќе треба да преземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците.  (МИА)

Коронавирус