четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Малолетен планинар падна од 150 метри височина и преживеа (ВИДЕО)

Малолетен планинар падна од 150 метри височина и преживеа (ВИДЕО)

Шеснаесетгодишен канадски планинар завршил во болница со скршеница на ногата, откако паднал од 150 метри височина по Монт Хад во Орегон и потоа издржал осумчасовна акција за спасување.

Гурбаз Синг од Ванкувер, се качувал на врвот на една планина со пријателите кога почнал да паѓа на околу 100 метри до неговата дестинација.

-Се обидов да го искористам целото искуство и опрема да застанам, но ми испадна стапот и не можев да застанам, изјави Синг за медиумите откако беше пренесен во болница.

Не можејќи да застане, Синг паднал од дел од планината „Бисерна капија“ на друг дел од „Кујната на ѓаволот“.

Мел Олсон, планинар кој бил во групата, вели дека целиот пад изгледал ужасен.

За среќа, луѓето во групата можеле брзо да скокнат во помош, а меѓу нив имало и болничари, кои успеале да ја ублажат неговата болка и да го фиксираат се додека не пристигне брзата помош.

Коронавирус