понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 40
home Вести

Малку му е доживотен затвор на овој монструм: Откриено што им направил на мало девојче и нејзините родители (ВИДЕО)

Малку му е доживотен затвор на овој монструм: Откриено што им направил на мало девојче и нејзините родители (ВИДЕО)

Американецот Џејк Патерсон (21) е осуден на две доживотни затворски казни, откако ја држеше 88 дена 13- годишната Џејми Клос, а претходно ги уби нејзините родители.

Американецот од Висконсин е осуден на две доживотни затворски казни без можност за помилување и уште 40 години за киднапирање на девојчето. Патерсон изјавил дека сакал да ја грабне Џејми кога ја видел како излегува од училишниот автобус.

Девојчето по 88 дена успеала некако да избега од куќата во која ја чувал заклучена од декември минатата година. Девојчето го нашло локалната учителка Џин Нутер, која на судот раскажа дека таа била слаба, изнемоштена и нечиста.

Судијата Џејмс Баблер рекол дека злосторството на Патерсон е ужасно и дека тој е опасен за околината поради неговиот нагон да зема девојчиња од училишен автобус и да им ги убива родителите.

Патерсон ги застрелал мајката и таткото на Џејми во нивната куќа додека спиеле, а потоа го грабнал девојчето и ја одвел 97 километри подалеку, во колиба каде што ја чувал.